208
На територијата на град Скопје, при акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум за непочитување на првенство на минување, 62 за непрописно паркирање, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР истакнаа дека продолжуваат засилените акциски контроли.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од Министерството за внатрешни работи.