Полицијата на Њујорк собира докази за апсење на силувачот на ѕвездите Ваинстин

од Vladimir Zorba
103 прегледи

  Истражувачите на њујоршката полиција собираат докази за апсење на холивудскиот продуцент Харви Ваинстин за наводите за силување во 2010 година.

Шефот на њујоршките детективи Роберт Бојс денеска изјави дека истражителите ја испитале Паз де ла Хуерта, која јавно го обвини Ваинстин дека двапати ја силувал во нејзиниот стан. Тој додаде дека детективите утврдиле дека наводите на актерката се уверливи и оти делови од нејзината изјава се поткрепени со докази.

– Ако Ваинстин сега е во Њујорк и ако обвинувањата за напад се од понов датум веднаш би го уапсиле, без сомнеж. Но, бидејќи Ваинстин е во друга американска држава и нападот, за што го товари актерката, се случил пред повеќе години, истражителите прво ќе мора да соберат докази, посочи Бојс.

На почетокот на минатиот месец „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ објавија дека Ваинстин со децении сексуално вознемирувал и злоставувал жени. Повеќе од 36 жени јавно го обвинија продуцентот за сексуално насилство, но Ваинстин ги отфрли обвинувањата за силување