Полицијата откри бомба: Спречен напад врз Ердоган

од Nikola Popovski

Турските разузнавачки служби вечерва спречиле обид за напад на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.

Експлозивна направа е пронајдена под полициско возило кое обезбедува митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт, пишува Блумберг.

Бомбата, која била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на митингот, набрзо била деактивирана.

Форензичарите ја скенирале експлозивната направа, а истрагата е во тек.

Слични содржини