292
Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информираа од СВР Тетово.
Се расчистува случајот, по што против Н.К. ќе следува соодветен поднесок.