Полицијата во соработка со Основното јавно обвинителство влезе денеска во фирми на советникот на ДУИ Нефи Усеини.

Најверојатно станува збор за истрага за бетонската база која почна да ја гради на охридското крајбрежје, а за која Усеини немаше обезбедено соодветна документација. Фокус дознава дека полицијата и обвинителите  направиле проверка во фирите на Усеини а во врска со оваа истрага.

Усеини стана познат и по дивоградбата кај чинарот во Охрид, која одбива да ја сруши и покрај укажувања од надлежните.