Полицијата во соработка со Основното јавно обвинителство влезе денеска во фирмите на советникот на ДУИ, Нефи Усеини, познат по дивоградбата кај Чинарот.

Најверојатно станува збор за истрага за бетонската база што почнал да ја гради на Охридското крајбрежје во близина на болницата Свети Еразмо на стариот пат Охрид- Струга.
Усени немал никаква документација за оваа градба , како ни за дивоградбата кај Чинарот , пшто одбива да ја сруши. Полицајците и обвинителите денеска извршиле проверка во фирмите на Усеини , поврзани со изградбата на дивоградби.
Според Усеини во канцелариите на компанијата Нефи ИК , се уште не бил извршен никаков увид, но тој вели дека е подготвен во секое време да ги покаже сите документи за работењето на неговата компанија./Kanal5