Полицијата во Грција ја засили контролата на сообраќајот, јавуваат грчките медиуми.
По интензивните проверки низ целата земја, заклучено е дека 1.279 возачи извршиле прекршок. Полицијата објави дека 345 возачи биле казнети поради минување на црвено на семафор и 479 биле казнети за незаконско престигнување. Уште 473 возачи се фатени за брзо возење без граѓанска одговорност.
Полицијата контролирала 15.157 возила од 13 до 19 август,а лавовски дел бил на Крит – 129 во Хераклион и 66 во Ханија.
Уште 66 казнети се од Серес во северна Грција, 63 во Атика и 58 во Драма.