Полицијата во Венеција започнува да го следи секој турист – БУКВАЛНО (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ве набљудуваат, каде и да сте, каде и да одите. Тие точно знаат каде застанувате, кога забавувате и забрзувате и кога влегувате или излегувате од градот.

Покрај тоа, тие го следат вашиот телефон и можат точно да кажат колку луѓе од вашата земја или регион се во која област и во кое време.

И тие тоа го прават за да го променат туризмот на подобро. Добредојдовте во Венеција во пост-Ковид светот.

Во последниве години, Венеција се бори со прекумерен туризам, благодарение на скоро 30 милиони посетители кои доаѓаат во градот секоја година со само 50.000 жители.

Пред избувнувањето на коронавирусот, туристите доаѓаа честопати неконтролирано, гушејќи ги главните улици и преполнувајќи ги бродовите. Властите донесоа различни мерки. Планираниот „данок за влез“, кој требаше да биде воведен во 2020 година, е одложен за јануари 2022 година, поради пандемија.

Но, освен регистрирање колку туристи има во градот, властите сакале да следат и кој е во градот и каде одат.

Венецијанска контролна просторија

На островот Трончето, покрај мостот што ја дели Венеција од италијанското копно, беше отворена контролна просторија во септември 2020 година. Поранешниот магацин, кој беше напуштен во 60-тите години на минатиот век, стана дел од новото седиште на градската полиција и владата и стана „контролна кула“ за градот.

Во зградата се сместени канцелариите на градоначалникот и другите службени лица, како и голема просторија за видео надзор со камери од целиот град, надгледувани од полицијата.

Потоа, од спротива е „Паметната контролна соба“, друга просторија полна со екрани со слики и информации што доаѓаат во живо од околината. Сепак, тие не се следат за да ги следат можните злосторства, туку им даваат информации на властите, кои ќе создадат профил на луѓе кои ја посетуваат Венеција. Властите се надеваат дека податоците ќе им помогнат да создадат поодржлив туристички план за иднината на Венеција.

Што сѐ се следи?

Италијанците се регистрирани според регионот во кој живеат, а странците се следат од каде потекнуваат според тоа каде е регистриран нивниот мобилен телефон, што значи најверојатно по земјата на потекло.

Постојат уште многу работи што надлежните ги следат: колку брзо луѓето се движат на места како плоштадот Свети Марко, нивоа на плимата низ лагуната (клучно за следење на поплавите).

Изградбата на системот траеше три години и чинеше 3 милиони евра. И иако некои може да бидат загрижени за можни нарушувања на приватноста, властите се многу горди.

Слични содржини