Полициската рација низ скопските дискотеки изреволтира илјадници граѓани

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Полициски службеници синоќа упаднале во повеќе ноќни клубовиво Скопје и ги легитимирале посетителите. Меѓу клубовите е и култниот скопски клуб „Сектор“, објавија посетителите преку социјалните мрежи, револтирани од некоректниот однос на полицијата.

Со став се огласи и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Постојат правила и стандарди за примена на мерки за присилба! Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе! Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“ – изјави Уранија Пировска, извршна директорка на Комитетот.