130
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.
Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, констатирале дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12 јуни до денеска, јуни во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.