Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
272 прегледи

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме, информираа од МВР.

Меѓу другото, се извлекуваат заглавените возила од подвозниците, како ова возило од подвозникот кај хотелот Александар палас.

Од Центарот за управување со кризи, пак. апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

Информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории.

„При невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, придружено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат пријави од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи“, информираат од ЦУК.

Слични содржини