Полицискиот час го прекршиле 12 лица

од Берта Китинска
262 прегледи

Од 22.00 часот (02.04.2021) до 05.00 часот (03.04.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (02/03.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 409 прекршоци, информираат од  МВР.

На сила е забраната за движење од 22 часот навечер до 5 часот наутро, која беше спроведена на 10 март, а ќе трае до 6 април.