460
Од 20.00 часот (18.04.2021) до 05.00 часот (19.04.2021) 22 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.