253
Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, а од нив осум се малолетници. Притоа, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници.

Полициски час
Што се однесува до мерките за изолација, во текот на изминатото деноноќие (30/31.03) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници биле извршени контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом.