Полна месечина во Овен носи многу промени: Најмногу ќе влијае на овие 4 хороскопски знаци

од Nikola Popovski
613 прегледи

Октомвриската „крвава“ полна месечина во знакот Овен ќе го достигне врвот на 9 октомври во 16 часот и 55 минути. Овенот е огнен знак, па во неговата природа е да преземе нешто, понекогаш дури и пред да размисли за тоа.

Оваа полна месечина ќе предизвика лавина од се во нас, затоа треба да бидеме мудри и да не дозволиме емоциите да владеат со нас.

Најсилниот ефект ќе има на љубовните врски, а тоа може за миг да се промени од мир во војна, кавги кои навистина водат до траен прекин на врските и браковите.

Месечината во Овен ќе донесе многу прашања и промени, а овие четири знаци на Зодијакот можат да очекуваат целосен пресврт во животот.

1. Рак

За припадниците на овој знак, полната месечина во Овен носи сила и енергија, особено кога е кариерата во прашање. Размислете за вашите цели и соништа, ставете ги работите на хартија и одлучете што сакате. Откако ќе знаете што сакате, тргнете по тоа.

Треба да знаете дека на почетокот ќе биде многу тешко, но на крајот ќе ви се исплати.

2. Вага

Време е да докажете што можете и да ги покажете сите ваши способности. Полната месечина е исто така во вашата седма куќа на партнерствата. Многу е можно да ставите точка на некои односи. Сепак, можно е да успеете да најдете компромис, па затоа инсистирајте да разговарате.

3. Овен

Овој период е создаден за вас. Ќе успеете да дознаете што навистина сакате, а кога ќе дознаете – целиот свет е ваш! Дозволете полната месечина да ви ги покаже сите начини на кои сте напредувале. Подгответе се да го достигнете својот целосен потенцијал, бидејќи полната месечина е момент на промени и напредок.

4. Јарец

Полната месечина во Овен ја става во фокус вашата четврта куќа на семејството. Може да чувствувате притисок дома или од членовите на семејството. Доколку сте незадоволни од партнерските или семејните односи, оваа полна месечина ќе ве поттикне што поскоро да го решите проблемот.