Полната месечина ќе настапи на 12 декември, во знакот на Близнаци. Тоа е последната фаза на месечината пред помрачувањето на Сонцето на 26 декември.
Ова ќе биде важен ден од астролошки аспект за сите хороскопски знаци. Поради поставеноста на планетите, главно на Венера, Сатурн и Плутон, декември е месец на вистински предизвици, особено во полето на љубовта. Полната месечина ќе предизвика сите знаци да размислат за тоа кои пречки постојат и како да ги надминат. Време е да го сумирате она што ви се случуваше во 2019 и да извлечете важни заклучоци.
Но, морате да се фокусирате и на средување на односите со семејството и пријателите, но и со партнерот. Поработете на своето искажување емоции. Исфрлете ја негативноста од себе. Можеби ќе почувствувате страв и несигурност, но најдобро е да се соочите со она што ве мачи навреме, пред да се претвори во паника или параноја. Дадете сè во своја моќ за во новата година да не влегувате со незавршени работи од старата. Ова особено важи за Јарците и Биковите.
Здравите и квалитетни врски кои ги создадовте во текот на 2019 без проблем ќе го преживеат преминот во Новата година. Но, еден однос ќе биде доведен во прашање поради проблеми со довербата и неможноста за поврзување на емоционално ниво. Потребна е само отворена и искрена комуникација. Избегнувајте да манипулирате со луѓето.
Хороскопските знаци кои се сингл имаат големи шанси за нова романса која ќе резултира со сериозна врска. Работете на своите комуникациски вештини. Расположението ќе ви биде доста променливо, но би требало веќе да можете да го контролирате. Преиспитајте ги старите навики, во случај да треба нешто да промените кај себе.