Направете ручек на кој ќе ви завидуваат и најискусните кулинари.
СОСТОЈКИ:
8 свински шницли од по 100 гр
1 чешне лук
1 веза зачински билки
1 лажичка сенф
2 лажици презла
сол
бибер
2 лажици маст
750 гр компири
250 гр домати
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте го месото, исушете го и исчукајте го. Исечкајте зачини и лук. Измешајте ги со сенф и презла, па посолете и побиберете. Со добиената маса премачкајте ги шницлите, преклопете ги и прободете ги со чепкалки. Пржете ги на лажица маст околу 25 минути.
Излупете и измијте компири и обварете ги околу пет минути во посолена вода. Прелијте ги доматите со врела вода, излупете ги, отстранете ги семките и исечкајте ги на коцки.
Испржете ги компирите на лажица маст, измешајте домати, малку продинстајте и сервирајте со месото.
Добар апетит!