Половина од граѓаните сметаат дека резултатите од пописот не треба да влијаат врз правата на етничките заедници

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Граѓаните во најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје на прашањето дали резултатите од пописот треба или не треба да влијаат врз правата на етничките заедници, 31,2 рекле „да“, наспроти 49,7 проценти „не“.

На прашањето кој е одговорен што немаме попис на населението уште од 2002 година најголемиот дел или 42,5 проценти од анкетираните граѓани одговорноста ја лоцираат кај сите политички партии. Постоа 16,1 процент за тоа го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ, 9,3 отсто ДУИ, 8,5 проценти Државниот завод за статистика и 2,9 проценти СДСМ.

Прашани дали сметаат дека пописот во 2002 година беше точен, мнозинството или 51,2 проценти рекле „не“, додека 35,3 проценти „не знам“, а само 13,5 процнети „да“.

Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1.104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти.

Слични содржини