373
Според информациите на министерството за здравство во последните 24 часа биле направени 5.057 тестирања, регистрирани се 1.299 нови случаи, а починаа 24 лица од КОВИД-19.
Најголемиот број на новозаболени според денешната статистика се регистрирани во:
-Скопје 672
-Прилеп 70
-Куманово 62
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.