Половината Грци немаат пари за годишен одмор, штедат и на храната

Во минатиот месец, за разлика од мај, исто така почнале да купуваат поевтини продукти и во помали количества.

од desk2
21 прегледи

Половината Грци немаат пари за годишен одмор ова лето, драстично ги намалиле секојдневните трошења, вклучително и за храна, покажува анкета чии резултати се објавени денеска.

Истовремено, Грците сега одделуваат 23% помалку пари за патување отколку претходно, а во јуни, само за еден месец – односно, споредено со мај – ја намалиле потрошувачката на основните прехранбени продукти за 4%. Во минатиот месец, за разлика од мај, исто така почнале да купуваат поевтини продукти и во помали количества.

Освен што е познато дека половината Грци не биле или нема да одат на летување, од онаа другата половина што може да си дозволи да отиде на одмор, за 20% е намален бројот на ноќевањата.

Слични содржини