Положани: Јавно изнесената вистина од претседателот нека биде поттик за да се превземе нешто во образованието

од Берта Китинска

За жал сите показатели за сите нивоа на образованието вклучително и научно истражувачката работа, се загрижувачки . Но, од друга страна иако тоа често се потврдува никој од одговорните институции и други фактори не превземаат ништо.Од тука нека биде и ова јавно изнесената вистина и од највисоката иституција на државата, претседателот на С.Македонија , како еден поттик за да се превземе нешто за да го спречи овој тренд, затоа што за подобрување на состојбите ќе треба повеќе време, вели во разговор за „Локално“, поранешниот министер за образование Азис Положани во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој вели дека 10 години не е ништо направено во образованието потенцирајќи дека не гледа ниту дека има план за да се подобри состојбата и поради тие причини имаме 95% функционално неписмени лица.

Според Положани потребни се мерки за да се подобри ситуацијата .

– За да тоа да биде успешна и некампањска ревизијата треба да се пристапи кон една сеопфатна Стратегија за развој и трансформација на образовниот систем, со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, подготвени од компетентни луѓе, екперти со меѓународно искуство, која ќе се дебатира и ќе се прифати и изгласа во Парламентот од сите политички субјекти, смета поранешниот министер додавајќи дека сите законски и подзаконски акти и општи политики поврзано со образованието и науката кои ќе бидат донесени да се спроведат согласно таа стратегија.

Тој потенцира дека овде би имало место за сите предлози кои ги спомнува и претседателот како ревизијата на факултетите, како и за предучилишното образование, основното , средното и сигурно за високото образование.

-Предпоставка за да се донесе , поддржи и спроведе една таква Стратегија е да сите чинители се согласуваат за две работи: прво, политиката односно партиите да тргнат раце од образованието и второ-како општа димезија да не се користи образовниот систем за „буфер“ или носител за социалните политики односно носител на социалниот мир. Но, тоа не значи дека државата треба уште повеќе да се оддалечи од одговорноста за состојбите во образование, напротив, владата, парламентот да го постават на повисок ранг во владините поолитики образованието и соодветно да тоа да биде поддржано од локалната власт и универзтитетите, кои морат да го сменат својот однос спрема образванието и спрема себе би рекол , согласно новите предизвици и очекувања на новите генерации. Сите ние до сега потфрливме, вели тој.

Б.М.

Слични содржини