Полска не го дава!  Роман Полански не може да биде екстрадиран во САД

од desk3
67 прегледи

Врховниот суд на Полска денеска ја потврди одлуката на Окружниот суд од Краков со која се одбива барањето за екстрадиција на полскиот режисер Роман Полански во САД, каде уште во 1977 година е осуден поради силување на малолетничка.

2111242872

САД официјално поднесоа во Полска барање за екстрадиција на оскаровецот Полански, откако тој се појави на една свеченост во Варшава во 2014 година.

По ваквото барање на Вашингтон, Окружниот суд во Краков лани во октомври пресуди дека Полански не смее да биде екстрадиран во САД, на што Обвинителството поднесе жалба до Врховниот суд.

– Врховниот суд го одбива барањето за поништување на пресудата (на Окружниот суд). Судот смета дека барањето е неосновано, изјави врховниот судија Михал Ласковски./МИА