Полска: Трудница почина од сепса бидејќи лекарите одбиле да направат абортус

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Трагичната смрт на 33-годишната Дорота Пани повторно го отвори прашањето за законот во врска со забраната за абортус во Полска,поради што трудницата починала.

Била бремена во 20-та недела кога пристигна на 21 мај во специјалистичката болница во Подалански, каде што се покажало дека почнала да ја губи плодовата вода. Иако таа и нејзиното семејство биле убедени дека ќе добие соодветна помош во болница, таа починала ноќта меѓу 23 и 24 мај, пишува „Mjakmama24“.

На почетокот не било јасно што се случило бидејќи Дорота не пријавила никакви други проблеми освен оние споменатите со болки поради губење на плодовата вода, но на 29 мај болницата објави официјална информација за причината за смртта – сепса.

„Од болницата бевме известени дека причина за смртта е септички шок со повеќеорганско откажување“, соопшти семејството на починатата, кое по трагедијата ги пријавило болницата и нејзиниот персонал за можно кривично дело „поради негрижа за човечки живот“.

Причината за ваквата квалификација е што животот на Дорота Пани можел да биде спасен доколку лекарите направеле абортус, но поради ригорозните закони во Полска тие одбиле да го сторат тоа, без разлика што во овој случај жената била без амнионска течност повеќе од три дена.

„Шокирани сме, особено затоа што се се случи во одделот каде што започнува нов живот“, велат од болницата.

Деталната документација за состојбата на Дорота Пани пред нејзината смрт ќе биде достапна за четири до шест недели, а нејзиниот погреб ќе се одржи на 6 јуни.

Целиот настан дополнително ги разгоре страстите во Полска и доведе до уште поголеми поделби, бидејќи поддржувачите на абортусот ја обвинуваат конзервативната владејачка партија Право и Правда (ПиС) за вакво нешто.

Слични содржини