Полска заплени зграда на руската гимназија во Варшава

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Полска денеска ја заплени зградата на руската гимназија во Варшава, соопшти полското Министерство за надворешни работи.

„Таа зграда отсега им припаѓа на градските власти на Варшава“, изјави телефонски за АФП Лукаш Јасина, заменик-директор на Министерството, по заплената од страна на судскиот извршител во име на градските власти.

Рускиот амбасадор во Полска рече дека тоа е „незаконски чин“ и дека Русија ќе возврати врз основа на „принципот на реципроцитет“.

„Тоа е незаконско дело, упад во дипломатска локација“, изјави рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андрејев во видеото што го објави руската телевизија Риа Новости.

Пред една година, Градското собрание на Варшава го заплени и ѝ го понуди на Украина поранешниот комплекс згради на руски дипломатски мисии, поради кои Полска и Русија се судеа, а жителите на Варшава го нарекуваа „гнездо на шпиони“.

Тие десеткатници изградени во 1970-тите на југот на Варшава некогаш биле користени од советски дипломати, а потоа и од руската амбасада.

Слични содржини