Полски хостел се рекламира со нацистички пароли

од desk2
78 прегледи

Хостел во југозападна Полска предизвика скандал откако на Твитер беше објавен транспарент на кој пишува „Забрането за Евреи, комунисти, крадци и предавници“.


Хостелот се наоѓа во малото место Цезаровице, а голем број корисници на Твитер хостелот го нарекоа „Дом на нацистите“.

Транспарентот наводно стои на влезот со месеци, а локалните власти не презеле ништо бидејќи хостелот е приватна сопственост.

Сопственикот на хостелот Пјотр Рибак во моментот е во затвор поради инцидент поврзан со расизам. Тој во ноември 2015 година во Вроцлав запалил слика на Евреи, а се бранеше дека запалил фотографија на Џорџ Сорос.