Полскиот премиер: По смртта на Пригожин, Вагнер ќе стане уште поопасен за Полска

од Stefanija Kuzmanovska

По смртта на бизнисменот Евгениј Пригожин, групата „Вагнер“ ќе претставува уште поголема опасност за Полска, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Групата Вагнер сега веројатно е уште посилна од порано, или барем во иста мера ќе се користи како инструмент за провокација, уцена, напади како дел од дестабилизацијата на земјите кои граничат со Русија и Белорусија“, изјави тој за новинарите.

Политичарот не сакаше да одговори на прашањето дали смртта на Пригожин во авионската несреќа е случајна или не, пишува „Комсомолска правда“.

Слични содржини