ОН ќе ги користат супер силите на Жената-чудо за новата кампања за подобрување на состојбата со девојките и жените во светот и нивната еманципација.
Хероината, позната од стриповите на DC и телевизиските екранизација на нив, ќе биде официјално назначена за почесен амбасадор на ОН за прашањата за подобрување на положбата на жените на 21 октомври од страна на Генералниот секретар Бан Ки Мун.
Церемонијата ќе ја започне едногодишната кампања за полова еднаквост и подобрување на положбата на жените, што е една од новите глобални цели на ОН за следните 15 години.
Жената чудо е супер-хероина полубогинка и принцезата-воин кој е меѓу основачите на Лигата на правдата. Ликот ѝ е можеби најблескавата причина поради која од ОН се запреле на неа. Во стриповите таа е портретирана како моќна жена со силна волја, која никогаш не се откажува од битките.
Таа е и дипломат и пацифист, кој секогаш се стреми да спречи конфликтот да ескалира. Покрај тоа се смета за најмоќниот и истовремено со тоа најмногу грижлив член на Лигата на правдата. Затоа и во стриповите Жената-чудо е амбасадор на воениот сојуз.