Полугола жена висеше од париски мост на јаже врзано на јамка. Протестната акција се одржа по повод доаѓањето на иранскиот претседател Хасан Рохани во француската престолнина, соопштија американските медиуми.

Image_5264007_126

“Добредојдовте, Рохани, џелатот на слободата”, беше напишано на огромен транспарент, распнат на пешачки мост над реката Сена во близина на Ајфеловата кула. Според зборовите на претставник на “Фемен”, со своите постапки тие сакаат да го привлечат вниманието на големиот број егзекуции во Иран.

Исламската Република е една од земјите во светот, која најчесто применува смртна казна. Според податоците на “Амнести интернешенел”, единствено Кина претходи на Иран по овој показател. Аналитичарите потсетуваат дека повеќето егзекуции во Иран се казни за сообраќај со дрога.

Активистката која висеше од мостот, коментира дека групата организирала “јавно бесење”, за да го привлече вниманието за егзекутираните од политички причини и да изврши притисок врз францускиот претседател Франсоа Оланд да го покрене прашањето за човековите права во Иран за време на средбата со Рохани.

Слични содржини