Помалите почнаа да го уценуваат Ердоган- нема поголеми овластувања за претседателот

од desk3

RTR2PSEK12_1407489156378367
Лидерот на турската десничарска Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели најави дека нема да прифати формирање владина коалиција со владејачката конзервативно-исламиситчка Партија на правдата и развојот (АКП), доколку таа и натаму инсистира на промена на Уставот и зголемување на овластувањата за шефот на државата, објавија турските медими.

Ваквиот став на Бахчели на почетокот од 45-дневниот период во кој треба да се формира нова турска влада по парламентраните избори во недлата, ќе значи дека претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ќе мора да се откаже од амбициите да воведе претседателски систем во земјата и да добие извршни овластувања, доколку сака земјата да не се најде во политичка криза. На неделните избори ниту една партија не освои мнозинство за сама да управува со земјата.

Како услов за коалицирање со АКП, која идеолошки е најблиска до МХП, Бахчели го постави и обновувањето на судскиот процес за корупција на неколкумина поранешни турски министри.

Процесот започна во 2013 година, но беше запрен лани, по што опозицијата ја обвини власта дека судовите тоа го сториле „под притисок“, затоа што постојат сомневања дека во аферата се вмешани и Ердоган и неколкумина членови од неговото потесно семејство.

Според анализите во турските весници, доколку ниту една партија не прифати да коалицира со АКП, затоа што сите се противат на давање извршни овластувања за претседателот на државата, Ердоган ќе остане целосно надвор од власта, поради церемониналната улога на шефот на државата и натпартизмот на што инсистираат сегашните одредби на турскиот Устав.

Во такви услови, за да се избегне политичка криза, како и за да нема нови избори, може да се формира малцинска влада на АКП, која би управувала со земјата со парламентарната подршка на МХП, без нејзино вклучување во извршната власт.

Политички експерти сметаат дека Ердоган тогаш ќе мора да прифати друг да ја води АКП партијата, а како најсериозен кандидат за таа функција се споменува Абдула Ѓул, поранешен министер за надворешни работи, а потоа и претседател на Турција.

Ѓул е еден од основачите на Партијата на правдата и развојот, па се смета дека во овој момент кога „партиските редови се зафатени со разочарување и потиштеност“ од изборните резултати, тој е најдоброто решение за стабилизација на АКП.

За една таква варијанта, потребно е да се одражат вонредни избори во некоја изборна единица, за да може да се кандидира Ѓул, кој сега не е ниту пратеник.

Во постизборната математика се споменува и можноста за коалиција на АКП со социајлдемократската Републиканска народна партија (ЦХП), но таквата варијанта се смета дека е малку веројатна. Оваа партија може да формира коалиција со партијата на Бахчели, но за да обебзеди парламентарно мнозинство, потребно е учество и на курдската Демократска партија на народите (ХДП). Тоа би била коалиција без АКП, на партии кои се против претседателскиот систем што го бара Ердоган, иако за ваква коалиција е потребно Бахчели да прифати сојуз со ХДП, во што турските анлаитичари не веруваат.

Неуспехот на АКП да обезбеди мнозинство и одново да формира влада, затоа што освои 41 отсто од гласовите и има 18 пратеници помалку од потребните, предизвика нервозно регирање на турската берза. Акциите паднаа за осум отсто, додека вредноста на турската лира е помала за пет отсто/МИА

Слични содржини