Германската комисија за вакцинација СТИКО препорача оние на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус на АстраЗенека, да добијат „друг производ“ како втора доза.
Во ажурираната препорака на својата веб-страница, СТИКО наведе дека нема научни докази за безбедноста на мешаната група вакцини.
„Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО препорачува на луѓето на возраст под 60 години да им се дава доза на mRNA вакцина наместо втората доза на АстраЗенека по 12 недели“, се вели во соопштението.
Вакцините со mRNA ги вклучуваат оние направени од Pfizer-Biontek и Moderna.
Претходно во текот на неделата, Германија рече дека само на луѓето над 60 години треба да им се даде вакцината на АстраЗенека поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти.