Помпео: САД може да ја снабдуваат Белорусија со нафта и гас

од Ивана Рамаданова
191 прегледи

Соединетите Американски Држави се подготвени целосно да ја снабдуваат Белорусија со енергетски ресурси по конкурентни цени, изјави денеска во Минск државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Помпео е првиот државен секретар на САД кој ја посетил Белорусија во последните 26 години, во време на напнати односи меѓу Минск и Москва поради енергетски прашања.

На состанокот со Лукашенско тој изрази надеж дека ќе помогне да и се даде можност на Белорусија да ги оствари „суверенитетот и независноста“ кон кои тежнее.

„САД сакаат да и помогнат на Белорусија да изгради своја суверена држава“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со Макеј.

Белорусија и Русија не успеаја да постигнат договор за снабдување со нафта за оваа година, поради што Русија ги прекина испораките на белоруските рафинерии, иако делумно ги обнови на 4 јануари.

Слични содржини