Помпео: Трамп треба да ја добие Нобеловата награда за мир

од Nikola Popovski

Американскиот државен секретар во заминување Мајкл Помпео оцени дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп наскоро треба да ја добие Нобеловата награда за мир затоа што тој го промовираше арапско-израелскиот мир.

Помпео тоа го предложи на Твитер за време на седницата на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој по вторпат размислува за отповикувње на Трамп, поради неговата улога во немирите минатата среда, кога неговите приврзаници упаднаа во Капитол. Во немирите загинаа пет лица.

Трамп и многумина негови сојузници не ја криеја желбата претседателот во заминување да добие Нобелова награда за мир.

Таа кампања во име на Трамп предизвика бес затоа што самопромовирањето на наградата се смета за несоодветно.

Помпео објави фотографија на Твитер на која Трамп мавта од балконот на Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи претставници на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.

Фотографијата е направена во септември минатата година, кога Израел ги нормализира односите со ОАЕ и Бахреин според договорот, за кој преговараше зетот на Трамп и високиот советник Џеред Кушнер.

Слични содржини