Понеделнички ќе се слушаат Груевски, Јанкулоска и Јанакиески во суд!

од Vlatko K
115 прегледи

Утре ново судско рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство „Титаник“ повторно во кривичниот суд во Скопје .Обвинението е изборни измами и злосториничко здружување, со кодно име „Титаник“.

Во предметот првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

 

Понеделнички ќе продолжи сооѓување со доказите. Од  предложените 1063 бомби како доказ, досега во судницата беа пуштени 115. За 7 од бомбите, по барање на СЈО, судот одлучи јавноста да биде исклучена со цел заштита на приватниот живот на некои од сведоците кои ги има во бомбите.

Специјалното јавно обвинителство за овој предмет предложи 5.910 писмени докази, а предложи и 191 сведок во постапката.

СЈО ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Слични содржини