Понеделник – голем ден за Меланија Трамп

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Меланија Трамп, првата дама на САД во понеделник ќе ја објави својата долгоочекувана формална платформа за време на настанот на Роуз Гарден, по речиси 16 месеци од нејзиниот мандат како прва дама.

Нејзината портпаролка Стефани Гришам за Си Ен Ен кажа дека нејзиниот пристап ќе биде од повеќе аспекти.

„Како што беше потврдено од страна на многуте организирани настани на кои г-ѓа Трамп учествуваше во текот на нејзинипот мандат како прва дама-нејзиниот главен фокус ќе биде целокупната благосостојба на децата. Нешто уникатно: Таа не ја остави својата платформа на само една тема како во минатото “, рече Гришам.

„Г-ѓа Трамп сака да помогне на следната генерација, преку создавање на промени на свеста за различни прашања кои влијаат врз децата”.