„Понекогаш и јас сум во право“: Анчелоти иронично им одговори на критичарите за Мбапе

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Фудбалерите на Реал го совладаа тимот на Севиља со резултат 4:2 во 18. коло од Примера, а особено задоволен по триумфот беше тренерот на кралскиот клуб. Карло Анчелоти конкретно се осврна на Килијан Мбапе, кој долго време беше мета на критичарите…

Францускиот ас на Анчелоти му врати за трпението и почитта со гол и асистенција против тимот од Андалузија.

-Вчера реков дека периодот на адаптација на Мбапе заврши… а денес тој покажа дека и јас сум понекогаш во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа сиот свој квалитет – изјави тренерот на Реал.

Неговиот тим изгледаше добро против Севиља.

– Го поправивме она што ни недостигаше: малку став, колективна посветеност и малку повеќе трчање. Се вративме да работиме добро. Два месеци по поразот од Милан беа многу тешки за тимот бидејќи имавме тешки натпревари. Од клубот никогаш не покажа загриженост бидејќи секогаш изразуваа наклонетост и доверба. Тоа е она што му треба на тренерот кога поминува низ тешки времиња. Поверував во она што ми го кажаа по гласините за промена на клупата и ме уверија дека морам да работам за да излезам од ситуацијата – подвлече Карло Анчелоти.

Слични содржини