Православен свештеник во Грција избркал неколку верници без маска од црквата, а аматерското видео денес ги преплави грчките медиуми.
Младиот свештеник чие име не е објавено, во четвртокот на Каламата, на југот на Пелопонез, го прекинал пеењето за време на божиќната литургија и на верник без маска кој се спротивставил, му кажал:
„Нема да е расправаме, вие без маски излезете надвор! Почитувајте ги своите ближни и законот!“
На забелешката на верниците дека црковните пејачи не користат маски, свештеникот одговорил дека тоа им е дозволено со закон за да можат да пеат и му рекол на верникот да го прочита законот.
Бидејќи еден верник, повикувајќи се на Светото писмо, сè уште ја продолжи дискусијата, свештеникот му рекол: „Јас го познавам Божјиот збор подобро од тебе … Биди противник на мерките дома, а не тука!“.
„Тука ќе бидете послушни и ќе почитувате! Јас командувам овде, а вие командувате во вашата куќа и ве молам, излезете, и ако не го сторите тоа, ќе повикам полиција да ве изнесе! “, рекол свештеникот и ја завршил дискусијата.