Попетревски: Од ДУИ зависи дали ќе имаме избори во 2022

од Nikola Popovski
268 прегледи

Личи ова на период на политичка нестабилност. Сметам дека и да има нови избори, ќе остане нестабилноста, вели главниот уредник на „360 степени“, Васко Попетревски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, за тоа дали ќе имаме избори во 2022 година, зависи од ДУИ.

-Ако ДУИ сака да оди, ќе имаме. Исто така важен е и спорот со Бугарија. Изборите нема да го решат. Мислите дека ако се формира нова влада ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме мазно решение со Софија? Сметам дека ДУИ ќе сака да се види на терен со Договорите со автопатите на Коридорите 8 и 10. Затоа мислам дека нема да сакаат избори, оценува Попетревски.

Во однос на дијалогот со Бугарија, уредникот сака да му даде шанса на процесот.

-Да видиме кој во Софија ќе биде главен за спорот, дали Петков, Радев или МНР. Можен е пробив до лето. Не верувам дека Петков ќе сака да остане ова нерешено, затоа што цврсто го најавуваше во предизборната кампања. Сметам дека јазикот е главно прашање, потенцира Попетревски.