„Попишете се“: Заев упати повик до сите етникуми кои имаат македонско државјанство

од Берта Китинска
218 прегледи

Повеќе од 82 000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави на својот фејсбук премиерот Зоран Заев.

– Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!
На тој начин ќе знаеме како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Северна Македонија и за промоција на земјата во светот.Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени. , напиша претседателот на Владата.

Слични содржини