Пописот завршува денес

од Берта Китинска

Државниот завод за статистика нема да бара продолжување на рокот на попишување. Директорот Апостол Симовски, за ТВ21 рече дека нема потреба од пролонгирање на рокот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

„Ние не сме побарале пролонгирање на рокот за пописот, иаме уште еден ден  заклучно со утре ќе завршиме.Организраме на сите можни начини“, изјави Симовски.

Тој  вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан. Додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Од Државниот завод за статистика велат дека во последните денови од Пописот на населението, домаќинствата и становите, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки. Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис, истакнуваат од ДЗС.

Слични содржини