До 18:30 часот, на територијата на земјава денеска имало вкупно 10 пожари на отворен простор – 7 изгаснати и 3 сè уште активни, информираше Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 3
• Општина Тетово: с. Тежето (ниска вегетација)
• Општина Карбинци: с. Крупиште (ниска вегетација и стрниште)
• Општина Гостивар: покрај автопатот Тетово–Гостивар, кај фирма „Мазраше“ (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА: 0
ИЗГАСНАТИ: 7
1. Општина Гевгелија: запалена инсталација и трафостаница на објект м.в. Факултет Гевгелија – пожарот е ликвидиран
2. Општина Кочани: ул. Скопска (ниска вегетација)
3. Општина Тетово: с. Озормиште (ниска вегетација)
4. Општина Струмица: с. Смолари (ниска вегетација)
5. Општина Новаци: во близина на РЕК Битола (ниска вегетација)
6. Општина Прилеп: запалена депонија „Тризла“
7. Општина Прилеп: Гаризон Прилеп ( ниска вегетација)