Попладнево уапсени две лица во Скопје, запалиле кабли во близина на сува трева

од Milan1
29 прегледи

„На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија), информира МВР.

Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).

Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава.

Слични содржини