Обилните дождови што паѓаат во Албанија веќе два дена, предизвикаа поплави кои направија големи проблеми во Скадар, Љеса, Џирокастра, Елбасан и Драч.
Во Љеса имаше и свлечиште, поради што беа евакуирани неколку семејства, а беа оштетени и некои патишта.
Реката Дрин се излеа од своите корита и ја поплави околината, а во моментов 970 хектари земја во Љеса и Курбин се под вода, додека најтешка е состојбата е во областа Задрим.
Вештачкото езеро Калмен е исто така под надзор.
Реките Ерзен и Ишем се излеаја во Драч и поплавија канали, земјоделски земјишта, куќи, патишта и продавници.
Скадар е исто така поплавен, многу куќи и обработливо земјиште, а патот Обот е блокиран.
Во тој град нема струја поради лошата временска состојба.
Исто така беше соопштено дека нивото на Скадарското езеро од албанска страна е покачено.
Во Џирокастра патниот сообраќај е во прекин, како и во Елбасан, каде на повеќе места се случија свлечишта.