Во две општини е прогласена вонредна состојба

Во уште две општини – Ливади и Обреновац, утринава беше прогласена вонредна состојба поради поплавите предизвикани од поројните дождови, пренесува српското електронско издание Blic. Во Ливадата ноќе биле поплавени десетици приватни и јавни згради, додека во Обреновац нивото на надојдените реки почнало да се стабилизира. Според Б-92 во реонот на Чачак под вода се над 400 куќи.
Службите за цивилна заштитаго следат нивото на реката Сава, која може да предизвика поплава во близина на Сремска Митровица.