295
МЕТЕО прогнозерот Славчо Попоски информира какво ќе биде времето за Божиќ.
„Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Само утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови краткотрајно да се намалат условите за магла и за ниска облачност по котлините.
За Божиќ и понатаму ќе имаме натпросечно топло време, што значи нема да има снежна бајка и бел Божиќ.
Во Скопје и околината продолжува маглата и ниска облачност и релативно студено време. Само утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови намалување на условите за магла и за ниска облачност“, наведува Попоски.