Попов го помина филтерот за одење на служба во Вашингтон

од Берта Китинска
157 прегледи

Новоименуваниот амбасадор на Република Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов, го помина и филтерот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Тој своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентирање пред Комисијата за надворешна политика, зад затворени врати, поради како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со презентацијата на тезите во Парламентот завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон.

Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.

Слични содржини