За украсувањето на градот, цел живот сум во Центар и Скопје и не го паметам како што е денес. Не знам дали сте имале прилика да прошетате, меѓутоа тажно е тоа што го гледаме, метропола која што треба да е осветлена, вели организацискиот секретар на СДСМ и член на Советот на градот, Мартин Попов во емисијата „Топ тема“.
Тој наведува дека „таквиот однос на Арсовска кон Скопје и кон новогодишните празници има ефект и во други гранки кои стопанисуваат во градот“.
-Сега немаме со што да привлечеме туристи за Нова година. Немаме што да понудиме, каква програма. Првичното ветување беше до 10-ти декември дека ќе биде украсен, после се пролонгира до 15-ти и се уште не е целосн украсен. Не знам како и во чие име Арсовска одлучува да прими донација, кога надлежните за тоа, според закон е Советот на град Скопје, информира Попов.