Поповски: Ние сме посебен народ со посебен јазик

од Берта Китинска

Бугарија низ историјата прими најголема македонска емиграција, со потекло од Македонија веројатно има околу 2 милиони Бугари, исто така има и во Србија но помалку. Тврдењето на таа основа дека ние сме Бугари и дека јазикот ни е бугарски не е точно, истакнува Професорот и актуелен советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Професорот вели дека тоа е толку излитен аргумент бидејќи тие се повикуваат на средновековна Бугарија, на цар Симеон кој ја владеел Македонија.

„Имаме заедничка историја со Бугарија, Србија, Византија каде што грчкиот елемент беше доминантен 2 века, со Турција 5 века заедничка историја, а заедно сме живееле со Албанците најмногу под различни власти и ние сме со заедничка историја. Ние сме дел од таа историја, но ние сме посебен народ со посебен јазик“, порачува Поповски.

Слични содржини