Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање, соопштија од Министерството за животна средина.
„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 163mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2.
Подолу се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Битола 2:
– 18.02.2021 163.32
– 19.02.2021 179.36
*концентрациите се изразени во mg/m3
Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Битола има епизода на алармантно загадување на воздухот.
Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, во Битола стапуваат на сила краткорочните препораки и мерки во случај на надминат праг на алармирање“, се додава во соопштението.