Поради блокадата трпат граѓаните: Нема лични карти за 40.000 лица

од Берта Китинска
350 прегледи

Изминатиов период, над 40 илјади граѓани се соочија со проблеми во секојдневниот живот, поради немање важечка лична карта. Иако имаат поднесено барање за нови документи, МВР не е во можност да издава нови лични карти, се додека не се одблокираат законските измени коишто чекаат да бидат изгласани во парламентот.

Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права.Апелирам секој еден одговорно да пристапи, член на Парламент, Влада или локална самоуправа, да им служи на граѓаните за да може да работиме, објави Спасовски.

Премиерот Зоран Заев вели дека решението на ова прашање треба да се бара со почетокот на работата на парламентот да се изгласаат законските измени во септември или со донесување соодветни одлуки или правилници да се овозможи гласање со истечени лични карти.

„Законот е блокиран од Левица со амандмани, иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна амандманот за етничката определба на граѓаните во личните карти да го поднесе со одложено дејство од 2023 година, очекувајќи Европа да се изјасни за ова прашање. За мене ова е флексибилност на една сериозна партија како БЕСА, но Левица одлучи да го блокира законот. За жал поради ваквата блокада трпат граѓаните. Не се издадени преку 40.000 лични карти. Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти, вели Заев.

Слични содржини