Поради дрога приведени тројца битолчани и еден скопјанец

од Milan1

„Вчера во 16.10 часот на ул.„Тодор Александров” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера во 16.40 часот на ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(36), М.Е.(36) и М.Б.(26), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Слични содржини